Свадбари од Штип се затруле од вечерата

Свадбено мени повторно хоспитализираше пациенти на штипското инфективно одделение. Овој пат петмината свадбари се од кочанското село Тркање.

Неофицијално храната во хотелот ја дистрибуирала истата кочанска фирма поради која пред една недела со тешка клиничка слика на инфекивно завршија 16 гости од три свадбени веселби во Штип.

Надлежните за утре најавија одговор како тоа фирма што била под сомнение дека храната што ја подготвува предизвикала труење продолжила со работа  и со тоа во опасност го довела здравјето на граѓаните и дали ќе се засилат контролите во фирмите што вршат подготовка на храна и рестораните.

Извор: 24ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e