СУГС „Марија Кири-Склодовска“ нуди нов стручен профил за идните средношколци – техничар за заштита на животната средина

Полуматурантите ги одбројуваат последните денови во основното образование и веќе активно се подготуваат за тоа каде и како ќе го продолжат своето средно образование. Исправени пред предизвикот што да биде нивниот избор од кој во голема мера ќе зависи и нивната професија, на идните средношколци потребен им е широк спектар на информации за тоа што нудат средните училишта ширум земјава.

Средното стручно училиште „Марија Кири-Склодовска“ – Аеродром веќе ги објави деталните информации за првиот уписен рок за претстојната учебна 2021/2022 година, како и за профилите што ги нуди оваа образовна институција со повеќе од петдеценсико искуство.

Ова училиште од годинава го нуди и новиот профил – техничар за заштита на животната средина како резултат на се понагласениот предизвик на современото живеење – екологијата и заштитата на животната средина.

екологија„Бидете стручни лица, оспособени со техники и знаења со кои директно ќе се вклучите во заштитата на животната средина.Изучувајте: Загадување и заштита на вода, почва и воздух; Испитување на вода, почва и воздух; Одржлив развој; Обновливи извори на енергија; Управување со отпад; Климатски промени; Алтернативни извори на енергија; Фирензички испитувања и многу други стручни предмети, поткрепени со практична настава и пракса.

Заштитете ја животната средин како професионалец! “, порачуваат надлежните.

Првото пријавување ќе биде на 14., 15., 16. и 17. јуни, а потребни се следниве документи: пријава за упис, оригинални свидетелства од шестто до деветто одделение, Извод од матичната книга на родените и освоени дипломи од државни и меѓународни натпревари.

rr

„Марија Кири-Склодовска“ ги нуди следниве струки и профили: 

Хемиско-технолошката стука ги нуди профилите: хемиски-лабараториски техничар, техничар за козметички и хемиски производи и новиот профил – техничар за заштита на животната средина.

Здравствената струка ги нуди профилите: фармацевтски техничар, медицински лабараториски-санитарен техничар и болничар-неговател.

Предвидени се и две паралелки за профилот техничар за очна оптика.
upisi„Ќе ја испратам оваа порака до идните ученици: Дојдете и запишете се во ова училиште, нема да погрешите. Образованието е темел на една држава. Најхуманата мисија што секој еден од нас ја има како просветен работник е моделирање на личностите кај младите, кај нашите поколенија. Нема неуспешни ученици, постојат само неуспешни наставници кои не се вложиле себеси за да постигнат резултати. Ви ветуваме дека како и во досегашното пет децениско искуство ма училиштето ќе дадеме поддршка во реализирањето на потенцијалите на идните ученици и заеднички ќе се гордееме на успесите. Ќе обезбедиме средина и услови за идните средношколци, кои ќе истражуваат, ќе експериментираат, ќе пронаоѓаат… „Направете го најдобриот избор за Вас – Бидете и вие Кири“. “ – порачува Дарко Спасев, актуелен помошник директор.

Надлежните порачуваат дека наставата се одвива во продуктивна и креативна средина која на учениците ќе им ги отвори вратите успешно да се снајдат на пазарот на труд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e