Изминатиот период општина Крива Паланка со динамично темпо инвестира во реконструкцијата на патната инфраструктура. Како доказ е големиот проект за изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка кој треба да биде завршен до пролет годинава.
Тука не се изоставени и регионалните патни правци, локални улици во градот како и во руралните средини. Еден од нив е и патниот правец Р2250 односно патот низ населените места Самоков, с.Добровница, с.Крстов Дол и с.Луке чии што градежни активности се во завршна фаза.
По тој повод денеска во Крива Паланка работна средба со градоначалникот Борјанчо Мицевски одржаа Министерот за Транспорт и врски, Сугаревски и Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов.
-На средбата се разговараше за целокупната инвестиција, односно сите проекти од локално ниво, финансирани од буџетот на општината, меѓу кои и рехабилитација на овој регионален пат во должина од 11км, инвестиција вредна 500.000 евра-рече министерот Сугаревски.
Сакам да потенцирам дека се води сериозна грижа за патната инфраструктура во овој регион ,доказ за тоае реконструкција на патот од Ранковце до Крива Паланка, додека пак во иднина ќе се работи и на патот од Ранковце до Куманово и што е исто така важно за брзо време ќе започне изградбата на патот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир-изјави децидно министерот Сугаревски на денешната посета на Крива Паланка. Министерството ќе продолжи и во иднина да работи на регионалните патишта.Кога пак, станува збор за железничката инфраструктура, Министерот нагласи дека до месец април-мај ќе биде завршена првата делница, а ќе се започне со работа на втората делница .Се вкупно инфестицијата во патната инфраструктура досега изнесува шеесет и осум милиони евра неповратни сретсва.
Имено за година дена се реконструрани 500 км ,кога станува збор за регионаланта патна инфраструктура во државата. Министерот Сугаревски, исто така, најави дека засиленото градежно темпо ќе продолжи и во иднина.
Воедно и Директорот на ЈПДП, Китанов даде акцент на досега завршените проекти во патната инфраструктура како и оние кои се во завршна фаза како на пример патот од Ранковце до Крива Паланка-кој ќе биде завршен на пролет , од Страцин до Ранковце и од Куманово до Страцин,проект кој треба а биде завршен до крајот на годината.
-Не знам зашто досега биле запоставувани градовите од истошниот дел во однос на инвестирањето во патната инфраструктура.Доказ за тоа е и ово регионален патен правец низ населените места Самоков, Добровница, Крстов Дол и Луке кој не е чепнат повеќе од 40 години.
Ме радува што денес овде гледам задоволни лица, а уште повеќе ме радува што има поврат на млади луѓе во руралните средини на кои се разбира не им е потребно ништо повеќе од струја, вода и пристапен пат до нивните домови-рече Китанов.
Китанов најави дека пред десет дена е завршен тендер за патот од Крива Паланка до Деве Баир, еден многу важен дел кој е составен од голема реконструкција , додавање на трета лента, изградба на шест нови моста, реконструкција на два постоечки моста.
Градоначалникот Мицевски на денешната средба исто така го даде својот акцент врз оној значаен дел,а тоа е инвестирањето во регионалната патна и железничка инфраструктура во кривопаланечкиот регион, дел во кој досега е инвестирана најголема сума за реконструкцијата и рехабилитација на патните правци
-Од денес и жителите на овие села ќе можат да имаат лесно прооден пат кој за жал беше заборавен и нечепнат повеќе од четириесет години.
Над триста милиони евра се вложени за проекти во железничката и регионалана патна инфраструктура само досега, а верувам и во иднина ќе продолжиме со истотот темпо-исјави градоачалникот Мицевски.
Тој истакна дека освен во патната инфраструктура градот инвестира и во делот на образованието ,проширување на капацитетот на детската градинка во градот, уредување на речното корито,обновување на возниот парк на ЈП Комуналец, подобрување на инфраструктурата, демантирајќи ги информациите дека градот не води грижа за локалните патишта и не инвестира во останати проекти.
Мицевски додаде дека во иднина ќе се работи на проектот за целосна санација на градскиот парк и плоштад. Во тек се преговори з обезбедување на 600 000 евра за отпочнување на овој иден проект. Исто така, проектирани се нови градски улици, а од Министерстото за Транспорт и врски се одобрени сретства за изградба на пристапна улица до гратските гробишта и низа други проекти предвидени за оваа година.