Сугарески во работна посета на Царинарницата во Штип

Работната посета на Царинарница Штип која денес ја oствари директорот на Царинската управа Сугарески беше со цел да се запознае со тековните и планирани проекти, како и со оперативните капацитети и потреби на организационите единици во склоп на оваа царинарница.
Sugareski2Управникот на Царинарницата и шефовите на царинските испостави ја презентираа работата на Службата за надзор на иматели на одобренија-СНИО, Царинската испостава Штип, Царинската испостава Велес, Царинската испостава Делчево која опфаќа стоков и патнички промет, како и за тоа дека е даден предлог за повторно формирање на Царинската испостава слободна зона Штип.Sugareski3Управникот Иван Спасовски го извести директорот за активностите кои треба да се превземат за реконструкција на граничниот премин Делчево, при што би се овозможило забрзување на протокот на возила, патници и стока, кои се во зголемен обем.
Sugareski4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e