Директорот на Царинската Управа Горан Сугарески денеска оставри работна посета на Царинарница Битола преку која Царинската управа ги извршува работите од својот делокруг во југозападниот дел од државава и координира и раководи со територијално најголемиот регион во споредба со другите царинарници во рамки на управата.
На средбата со Управникот на Царинарница Битола Оливер Вучиниќ, помошник управникот Игор Јолески, шефовите и царинските службеници низ кратки црти Сугарески бил информиран за целокупната работа на Царинарница Битола и нејзините 11 организациски единици.
Преку краток брифинг бев известен за новите објекти на царинскиот терминал на границата со Република Албанија кои беа пуштени во употреба во септември 2019 година, како и за тековните активности и капацитетите на граничениот премин Ќафасан и концептот на заеднички гранични контроли со едно застанување “one stop shop” кој во иднина треба да да се воспостави на граничниот премин Ќафасан-Ќафтане.