Директорот на Царинската управа Горан Сугарески денес оствари работна посета на царинската испостава Велес.
-Карактеристично за оваа испостава во склоп на Царинарница Штип, е тоа што се наоѓа во централното подрачје на државата, на крстопат север-југ и исток-запад и има можност за царинење на сите видови на стоки, а овозможува кратко задржување на возилата кои транзитираат. Обемот на работа во ЦИ Велес во последните 10 години е доста зголемен, а наплатата на давачки при увоз е зголемена од 30 милиони на 130 милиони денари во просек. Најмногу тоа се должи на компанијата Маркарт на која се однесуваат две третини од обемот на работата и наплатата, а останатото е на велешкото стопанство со увоз на репроматерјали, како што се компаниите Брако, Динамо Леов, Динамо Хит, Енмон, Елса Ес, ТГП Системи, Димекс, Лутекс, Алена и други. – посочи Сугарески.
На оваа работна средба уште еднаш ја потенцирав заложбата кон борбата против криминалот и корупцијата, бидејќи човечкиот фактор е клучен при преземањето и спроведувањето на ефективни мерки против корупцијата, заклучува Сугарески.