Сугарески: Ова се дел од проектите кои ги реализирав како министер во прилепскиот регион

„Како министер за транспорт и врски, Сугаре не направи ништо за Прилеп!“.
Ова е најчестата флоскула која во недостиг на аргументи, а во желба за девалвирање на моите резултати, ја користат опозицијата и медиумите блиски до нив, со надеж дека 100 пати повторената лага ќе стане вистина.
Бидејќи ќе водам позитивна кампања заснована на факти, и во оваа прилика со конкретни податоци и бројки ќе ја потсетам јавноста на дел од проектите кои беа реализирани во прилепскиот регион, во периодот кога бев на чело на Министерството за транспорт и врски:
Изградба на клучка кај ТИРЗ „Прилеп“
• Вредност: 4.000.000 евра
Ревитализација на трансформаторска станица „Прилеп 1“
• Вредност: 1.100.000 евра
Реконструкција на регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола
• Вредност: 1.000.000 евра
Реконструкција на патот Прилеп – Вештачко езеро
• Вредност: 680.000 евра
Рехабилитација на патниот правец Лагово-Штавица-Витолиште
• Вредност: 650.000 евра
Преку изјави за медиумите и објави на социјалните мрежи, граѓаните на општина Прилеп ќе бидат информирани и за останатите инфраструктурни и други проекти кои беа реализирани во градот и населените места за време на мојот министерски мандат, меѓу кои се и рехабилитацијата на патните правци Фариш-Дреново, Кадино Село-Галичани, изградбата на канализациона мрежа со пречистителна станица во с.Мало Коњари, канализација со с.Големо Коњари и многу други.
Почитувани, пред фактите молчат и боговите!
ФБ статус на Горан Сугарески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e