Сугарески оствари работна посета на царинската испостава Кавадарци

Директорот на Царинска управа Горан Сугарески, денес оствари работна посета на царинската испостава Кавадарци. Во рамки на посетата се запозна со оперативните капацитети и потреби во склоп на оваа царинска испостава.
ЦИ Кавадарци е во состав на царинарница Гевгелија и по број на вработени е мала испостава која работи исклчиво стоков промет односно постапки на увозно и извозно царинење. Заради својата местоположба и природата на своето работење е многу значајна. Овој регион во Република Северна Македонија има многу долга традиција во производство на вино и ракија. Оттука ЦИ Кавадарци е една од клучните испостави за извоз на вино со најголемиот извозник на вино од нашата држава ВВ Тиквеш Кавадарци. Исто така оваа испостава е многу значајна и за извозот на тутун со најголемиот извозник на тутун кај нас Алајанс Уан.
Sugareski1Покрај тоа од друга страна на територијата на ЦИ Кавадарци има и големи стопански субјекти и затоа е значајна испостава за спроведување на царинските постапки при што претежно е извозно ориентирана, а увозно најмногу се царинат суровини, репроматеријали, машини и опрема. Увозно – извозните постапки најчесто се за големи индустриски капацитети како што се ДММ ДРЕКСЛМАЈЕР Македонија и ИГМ-Трејд, компании кои имаат и одобрение за ОЕО.
Како поддршка, помош и контрола на овие големи капацитети со оглед на тоа што сите од нив користат најразлични поедноставени царински постапки, во склоп на ЦИ Кавадарци има и дел од службата за надзор на иматели на одобренија (СНИО) при царинарница Гевгелија.
Sugareski3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e