Судир меѓу автомобил и мотоцикл на патот Струга-Дебар: Две малолетни момчиња итно однесени во болница

Две малолетни момчиња се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа на патот Струга-Дебар. Вчера во 02:00 часот било пријавено дека се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот Н.И. од Струга и мотоцикл „Сузуки“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 17-годишен малолетник и каде сопатник бил уште еден 17-годишен малолетник и двајцата од село Лабуништа,струшко. Во незгодата двајцата малолетници се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во болницата „Св.Еразмо-Охрид’’. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Струга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e