Во Крива Паланка, една од општините со најголема излезност во денешниот втор круг од претседателските избори, убедлив победник е Стево Пендаровски, консензуалниот кандидат на СДСМ и коалицијата.
За Пендаровски гласале 6057 граѓани со право на глас, додека за противкандидатката Гордана Силјановска Давкова 5 502 избрачи.
Излезноста во Крива Паланка денеска беше висока, односно над 70%.