Старец почина по удар од автомобил во Сингелиќ, возачот избегал

На 30.07.2021 во 00.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Алија Авдовиќ” во Скопје, патничко возило удрило во пешакот А.А.(79) од Скопје и го напуштило местото на незгодата.
Пешакот се здобил со повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, каде им подлегнал на повредите.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e