1ви Септември,прв училиштен ден, кој донесе празнична атмосфера,возбуда,нетрпение,измешани со радост и очекување за 153 првачиња од Крива Паланка. На влезот на двете општински основни училишта во градот Јоаким Крчовски и Илинден се беше подготвено за нивен пречек, средби со наставниците и новите другарчиња со кои ќе другаруваат и едуцираат во наредните девет години.
На почетокот првачињата ги поздравија директорите на двете училишта а срдечно добредојде им посака и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, кој за успешен старт на новата учебна година на првачињата им подели скромни подароци со училишен прибор. Од страна на повозрасните ученици за најновите другарчиња имаше сценско музички настап каде им посакаа среќен почеток во новата учебна година.
За време на овој свечен чин по некоја солза пуштија гордите мајки а авантурата за првачињата и децата како и за нивните наставници ,ќе може да почне. Во наредните денови, недели и месеци на малите дечиња да им посакаме лесно да се снајдат во новата средина, да ги совладаат предизвиците и со задоволство да ги впиваат тајните на науката.
Во новата учебна година 2019/2020 вкупно 2200 ученици седнаа во училишните клупи во двете основни и средното општинско училиште во Крива Паланка .