Средношколец од Скопје бил уапсен откако заедно со двајца малолетници нападнале и грабнале негова соученичка, соопшти МВР.
„На 03.03.2022 во 01.30 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М. (18) од Скопје постапувајќи по претходна пријава дека заедно со двајца малолетници околу 22.15 часот на 02.03.2022 физички ја нападнале и противправно ја задржале Б.Х., со која Б.М. биле соученици“, велат од полицијата.
По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.