Точно како што беше најавено,во блескав амбиент и празнична атмосфера синоќа на градскиот плоштад во Крива Паланка се појави легендарниот Петар Грашо.
На големо воодушевување на публиката коа покрај верните кривопаланчани ја имаше и од бројни градови од земјава и соседството хрватската звезда ги отпеа најголемите хитови“Ако те питају”, “Ко нам брани”, “Уторак”, “Сад те се само рјетко сјетим”, “Једина”, “Вера од сувог злата.
Скоро два часа траеше концертното уживање, на кое имаше публика од сите генерации со насмеани лица, атмосфера за паметење и пеење во еден глас на неговите песни. Со музиката и одличните изведби на своите хитови Грашо комуницираше со бројната публика а посебно внимание посвети и на помладите кои присуствуваа на концертот.
За крај на својот настап Петар Грашо искрено и се заблагодари на илјадната публика за громогласниот аплауз која непрестано го даруваше за цело време на концертот.
Пред одржување на концертот на плоштадот во градот хрватската музичка ѕвезда, Петар Грашо се сретна со градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски во неговиот кабинет заедно со генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.
Во таа прилика Петар Грашо истакна дека е доаѓањето во Крива Паланка за него претставува посебна чест и задоволство,истакнувајќи дека е задоволен од пречекот на домаќините,вкусните традиционални специјалитети од нашиот крај а во таа прилика градоначалникот Мицевски му врачи примерок од делот од ликовната колонија од 1994 година.