СОУ “Ѓорче Петров” од Крива Паланка најостро ја демантира објавата на ВМРО-ДПМНЕ

Средното општинско училиште “Ѓорче Петров” од Крива Паланка, најостро ја демантира објавата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, во која наведува невистини поврзани со нашето училиште.
Имено, секој ученик од руралните средини уште на почетокот на учебната 2019/ 2020 година имаше можност да пополни изјава за превоз.
Изјавата ја пополнија вкупно 238 ученици и го користат училишниот превоз од 02.09.2019 година. Досега никој нема пријавено проблем со превозот. За денешниот ден превозот беше организиран за сите ученици, за којшто учениците беа известени преку соопштение.
Распоредот на часови за оваа учебна година е подготвен уште во месец август 2019 година.
Училиштето од страна на МОН е прогласено за најбезбедно и најчисто училиште, стои во демантот на СОУ “Ѓорче Петров” од Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e