Сообраќајните несреќи во пораст: За четири дена 31 сообраќајки, казнети 502 возачи

Во текот на изминатите четири дена на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 31 сообраќајни несреќи, од кои седум се со тешки телесни повреди, а 17 со лесни телесни повреди. Само материјална штета имало во 12 сообраќајки, соопшти денеска МВР.

Вкупно 502 возачи се казнети, бидејќи се движеле со брзина поголема од дозволената. Од сообраќајот се исклучени 98 возачи, поради тоа што го управувале возилото под дејство на алкохол. Вкупно 56 возила се исклучени од сообраќај, бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се 17 возачи, бидејќи поминале крстосница на црвено светло, тројца неправилно се престроиле, а еден неправилно престигнувал. Еден возач не дал првенство на минување на пешаци, а тројца не дале првенство на минување на возила. Казнети се двајца пешаци, кои поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 144 мандатни платни налози, а 26 возила се кренати со „пајак”, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e