Сообраќајка помеѓу пет возила на автопатот Миладиновци – Штип

Рано утрово на автопатот Миладиновци – Штип во насока Штип – Скопје во близина на селото Коњари се случила сообраќајна незгода, во која се вклучени вкупно пет возила.

Според првичните информации има повеќе повредени лица, кои се упатени на скопските клиники.

Неофицијално, причина за сообраќајката е подмрзнатиот коловоз на мостот по кој во моментот се движеле возилата.

Сообраќајот се одвива отежнато.

Повеќе информации очекуваме во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e