Сообраќајна незгода се случила на автопатот Велес-Скопје во која се излизгал еден камион, денес надлежните служби се обидуваат да го извлечат, пренесува „Република“.
Со механизација надлежни служби се обидуваат да го извлечат камионот кој вчера се излизгал на автопатот Велес-Скопје, поради што се создале и големи колони од возила.
Од МВР потврдиле дека вчера се случила несреќата и дека нема повредени лица.