Сообраќајци му побарале 3.000 денари да се почестат за да не му пишат казна од 500 евра

Б.Б. (34) од Скопје пријавил вчера во Полициска станица Чаир дека на ул.„Македонскo-косовска бригада“ со неговото возило „опел зафира“, во кое бил со З.М., бил сопрен од тројца полициски службеници.

Како што информира МВР, З.М. кажал дека тие му побарале документи и откако им рекол дека не ги носи го информирале дека треба да плати казна од 500 евра и дека возилото ќе му биде одземено, а ако не сака да плати казна да им даде 50 евра да се почестат.

МВР соопшти дека тој им дал 2.000 денари, по што ги пуштиле да си заминат.

По преземени мерки било констатирано дека станува збор за полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари, кои биле на должност, но не биле на местата на кои биле распоредени, информира МВР.

„За случајот е запознаен Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e