Сообраќајна несреќа меѓу градски автобус и такси возило се случи утрово пред трговскиот Центар „Мавровка“ во Скопје , јави Алсат-М. Поради тоа, сообраќајот околу 1 час практично беше блокиран
Најкритичен беше правоцот од стоковната куќа „Мост“ кон МРТВ, бидејќи автобусот ги блокираше двете коловозни ленти.
Поради тоа на коловозот имаше долги колони возила кои во утринскиот сообраќаен шипц брзаа на работа.
По завршувањето на увидот, сообраќајот се номрализираше.
Нема информации за повредени.