Вториот круг на локалните избори е на 5 дена пред нас и неизвесна трка се очекува да има во најголемиот дел од општините во државата. Таков е случајот и во Македонска Каменица во која силите ќе ги одмерат Соња Стаменкова од СДСМ и Димчо Атанасовски од ВМРО – ДПМНЕ. По првиот круг водството го има кандидатот на СДСМ и коалицијата.
Во недела, Соња Стаменкова, која е и акуелна градоначалничка, влегува како благ фаворит со оглед на фактот дека позади себе остави голем број на проекти во интерес на граѓаните на Македонска Каменица.
Стаменкова може да се пофали со проекти како изградбата на улицата „Даме Груев“ во Суво Маало, реконструкција на патниот правец Македонска Каменица – Саса, реконструкција и доизградба на улицата „8 Септември“, „Вера Јоциќ“ и „Пере Тошев“, изградба на локален пат до маалото Бошнаци и крак до Врбачко Маало во селото Косевица, реконструкција на сите фреквентни улици во централното градско подрачје (дел од улиците „Александар Македонски“, „Самоилова“, „Руенска“ и улицата „Првомајска“).
Се инвестираше и во нови пешачки патеки, тротоари, нови паркинг-простори на 4 локации, проекти во областа на комуналната инфрастуктура како нов систем за парно греење во ООУ „Св. Кирил и Методиј“, нов парк на површина од 5.000 м2, водовод за потребите на приградската населба Павлиш Дол, штедлив смарт систем за осветлување на целата територија на општината, нова атмосферска канализација на улицата „Вера Јоциќ“ и почетокот од улицата „Александар Македонски“ и многу други проекти.
Стаменкова инвестираше и во сверата на образованието и спортот и физичката култура каде како најистакнати проекти може да се наведат повеќенаменско игралиште во училишниот двор на СОУ „Миле Јаневски Џингар“, реконструкција на делот со трибини на градскиот стадион со поставени 1500 столчиња, реконструкцијата на подот во спортската сала во ООУ “Св. Кирил и Методиј”, 200 електронски уреди (таблети) за следење на онлајн настава за учениците од социјално загрозени семејства, енергетски ефикасна надворешна столарија во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ како и зголемен број и зголемен паричен износ на стипендии за најдобрите ученици и студенти.
За овие проекти како и за планот на развој на општина Македонска Каменица, актуелната градоначалничка, јавно го повика нејзиниот противкандидат од ВМРО -ДПМНЕ, Димчо Ататанасовски на ТВ дуел на регионалната телевизија ТВ Стар, но за жал кандидатот на ВМРО -ДПМНЕ одби да ги соочи аргументите оставајки и на тамошната јавност сама да оцени зошто некој би се плашел да излезе на ТВ дуел доколку фактите и аргументите се на негова страна.