Викендов „Невестинско поклонение“ во село Конопница

Традиционалната манифестација препознатлива за Крива Паланка “Невестинско поклонение” – репрезент на културата, на уникатниот постсвадбен обичај на невестите заедно со свекрвите, ќе се одржи на 5 март 2023, во црквата Св.Теодир Тирон, село Конопница.
Општината ја поддржува манифестацијата што го негува послесвадбениот обичај, дел од македонското нематријално културно наследство. На овој начин се сочувува од заборав и се пренесува на младите генерации.
11Општина Крива Паланка е покровител на настанот, организатор е РЗР “Патник”, со поддршка од културните институции од општината и МПЦ-ОА, Кумановско-Осоговска епархија.

Право на учество имаат сите невести венчани помеѓу две Тодорови саботи, а годинава е најавено учество и на невестата од “Галичка свадба”. Заинтересираните можат да се пријават во Општина Крива Паланка или кај Стојанче Величковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e