Скопјанка го пријавила во полиција својот шеф, но и поранашeн љубовник, кој ја вознемирувал и ја уценувал, информираше МВР.
-На 08.02.2021 година во 14.40 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена од Скопје, пријавила дека во временскиот период од 2018 година до 16.01.2021 од страна на 59 годишен маж, кој и бил претпоставен на работа и со кого неколку месеци била во љубовна врска, ја вознемирувал и ја уценувал, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.