Полициски службеници од СВР Скопје на 5 февруари на подрачјето на Карпош го привеле Д.Т., постапувајќи по претходна пријава околу 17:45 часот, од С.А.(24) од Скопје, дека Д.Т., со кого била претходно во врска, и одземал предмети и на неа и нејзини роднини им се заканувал со пиштол.
Од полициските службеници е пронајден и пиштолот и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.