Скопјанец зел 3.000 евра лажно ветувајќи дека ќе забрзa постапка за посвојување дете

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 36-годишник од Скопје кој се товари дека сторил кривично дело измама.

Во текот на месец април минатата година тој довел и држел во заблуда човек од Гевгелија лажно ветувајќи му дека може значително да ја забрза постапката за посвојување дете, пред посебна комисија при Министерство за труд и социјална политика.

Ваквата постапка оштетениот и неговата сопруга веќе ја имале започнато, а пријавениот лажно го убедувал дека познава лице кое е вработено во комисијата, при што го натерал гевгеличанецот на 12 април минатата година да му исплати 180.000 денари на трансакциска сметка, која била во сопственост на трето лице од Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e