Дваесет и осумгодишен скопјанец вчера е приведен за издржување казна затвор за кривично дело „фалсификување исправа“. Како што денеска соопшти Министерството за внатрешни работи, за него била издадена централна потерница.
Скопјанецот М.Н. е приведен од страна на Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево и ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.