На 19.08.2022 во 19.00 часот било пријавено дека на ул.”Томе Арсовски” во Скопје товарно моторно возило “фиат добло карго” со скопски регистарски ознаки управувано од Т.С.(48) од Скопје удрило во Н.М.(88) и Р.П.(88), двете од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Н.М. и Р.П. констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза” и Градската општа болница “8-ми Септември”.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.