На 10.02.2021 околу 16.30 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во Музеј на град Скопје, при извршување работни задачи, починал Ѕ.Ј.(58) од Скопје, вработен во приватна фирма.
Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.