Жител на скопската населба Драчево вчера бил нападнат од сопствениот син во неговиот двор, соопшти полицијата.
„На 06.10.2022 во 19.30 часот во СВР Скопје, 87-годишен скопјанец пријавил дека во дворот од неговиот дом на подрачјето на Драчево бил нападнат со тврд предмет од неговиот син З.Ф.. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.