Скок во вода бил фатален за 35-годишен маж од Свети Николе, кој вчера со главата удрил во камен кој се наоѓал во вода, додека скокал во Охридското Езеро. Несреќата се случила на плажата „Лагадин“.
Повредениот починал на пат до болница, информираат од МВР.