Благица Зикова од Штип вчера роди три момчиња и едно девојче на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје
Бебињата на брачниот пар Благица и Александар Зикови се родени со помош на докторката Елена Ели Николовска која ја водела целата бременост.
Мајката се породила во 31-та недела од бременоста. Бебињата иако се предвремено родени, тие се во добра здравствена состојба.
