Шилегов се извини во име на скопјанецот кој вербално ги нападнал Кинезите во градот

Kенешниот ксенофобичен испад на наш сограѓанин кон туристите во центарот на Скопје е срам за градот и земјата и е спротивност на се’ што Скопје е – град на солидарноста, космополитизмот и заедништвото.

Го нудам моето најдлабоко извинување во името на сите добронамерни Скопјани. Во Скопје нема да толерираме вакво однесување. Ги повикувам надлежните да поведат истрага за овој инцидент бидејќи остава сериозна дамка врз угледот на градот и земјата.

Драги Скопјани, бидете гостопримливи, почестете ги овие туристи насмевка и отворена душа, ако ги сретнете низ градот.

Не, на ксенофобијата и расизмот. Скопје отворен град. Град за сите !!!
Реакција на Петре Шилегов по веста дека скопјанец вербално нападнал кинези во Скопје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e