Шилегов на средба со граѓаните во Ѓорче Петров

Членот на ИО на СДСМ и градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов придружуван од градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумоски, претседателот на ОО СДСМ Ѓорче Петров Мирослав Наумовски и пратеникот Костадин Ацевски попладнево учествуваше на маалска средба со граѓаните од населбата Ѓорче Петров.

Со граѓаните, Шилегов разговараше на повеќе теми а посебен осврт беше ставен на урбанизмот и унапредување на патната инфраструктура во Ѓорче Петров и Скопје.

– Во Ѓорче Петров во моментов се реконструираат две клучни сообраќајници, а тоа се улиците „Ѓорче Петров“ и „Борис Сарафов“. Во првата фаза од обновата на „Ѓорче Петров“ беше целосно обновен коловозот и поставена нова хоризонтална сообраќајна сигнализација. Во моментов се одвива втората фаза на оваа улица
се до бензинската пумпа Макпетрол, во вкупна должина од 1.500 метри. Истовремено, забрзано се работи и на реконструкција на улицата „Борис Сарафов“ во вкупна должина од 1.700 метри. Покрај овие улици, Градот во оваа општина инвестира во бројни други проекти кои го подобруваат животот на граѓаните, истакна Шилегов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e