На 13.08.2021 околу 13.15 часот на локалниот пат за с.Црквино во Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв”, со велешки регистарски ознаки, управувано од Џ.Б.(51) од с.Горно Оризари, велешко и патничко возило „мерцедес”, со пробни регистарски таблички, управувано од Е.А.(22) од с.Црквино, велешко.
Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи и нивните четири сопатници, додека со тешки телесни повреди се здобила Ф.А.(47) од с.Црквино, сопатничка во патничкото возило „мерцедес”, констатирани во Општата болница Велес. Увид на местото извршила екипа на СВР Велес.