На 28.10.2022 во 03.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„60″ и ул.”58″ во с.Волково, скопско, патничко моторно возило „мини купер” со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале А.С.(26) од с.Волково и А.Г.(28) од Скопје, излетало од коловозот и се запалило.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Во несреќата, на местото на настанот починал А.Г., а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош. Додека, со повреди се здобил А.С. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.