Се запали една од галиите кај Холидеј Ин

Пожар избувна вечерва во првата галија што се наоѓа кај хотелот Холидеј Ин. По дојавата дека гори, набрзо интервенира противпожарна екипа, при што пожарот е локализиран и изгаснат.

Командантот на противпожарната единица во Скопје, Владимир Симоновски информира дека пожарот е изгаснат, и во моментов се чека на ЕВН да ја прекине електрична енергија.

На терен интервенираа две противпожарни возила и десет пожарникари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e