Автобус со турски национални ознаки се преврте попладнево во Куманово, во населбата Долно Којнаре, јавува САКАМДАКАЖАМ.МК
Порталот јавува за три повредени лица, а автобусот во моментот на излетувањето од патот, бил полн со патници.
Автобусот се исклучил од автопатот, и во миговите кога требало да продолжи по магистралниот пат кон Крива Паланка, излетал од патот.
„Според првичните информации, три лица се здобиле со полесни повреди, но одбиле лекарска помош“, велат од кумановската полиција.
На лице место е увидна екипа, како и Итна помош и Противпожарната единица, јавува СДК.