Денес се асфалтира пристапната улица кон градскиот зелен пазар и просторот околу пазарот во нашата општина, информираат од општина Крива Паланка.
Се менува ликот на овој дел од градот – се поставува асфалт на површина од 2800 м2.
Градоначалникот Сашко Митовски заедно со службите од општината извршија увид на терен, каде покрај асфалтирање на пристапната улица се асфалтира и просторот околу пазарот со поставување хоризонтална сигнализација – обележување паркинг места.
Активностите се дел од Годишната програма за одржување и рехабилитација на улици и крпење ударни дупки за 2023 на Општина Крива Паланка.
Урбана и уредна општина Крива Паланка со подобри услови за живот во општината се приоритет, порача првиот човек на општината.
