Интензивно се работи на асфалтирање на пристапниот пат кон новите градски гробишта во Конопница во општина Крива Паланка.
-Со овој проект се решава горлив проблем на сите граѓани, токму пред Задушница, за достоинствено одбележување на деновите во знак на сеќавање на покојните, порача денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.
Проектот е вреден 198 илјади евра, обезбедени со кредит од Светска банка, преку Министерството за транспорт и врски.
-Нашата задача како локална власт е да работиме на подобрување на условите во секој дел од општината, порача Митовски.