СДСМ Велес: Наместо да им го олесни животот лошото работење на локалната власт прави штета на граѓаните

Прес конференција
Марјанчо Јорданов – Секретар на ОО СДСМ Велес
Велес, 15.06.2017

 

Почитувани граѓани,

Изведбата на тротоарите во селото Мамутчево, наместо да го олесни животот на жителите од ова село, им направи дополнителна штета.

Поради тоа што улицата и тротоарите се лошо проектирани, при секој пообилен дожд, на неколку локации станбените куќи се поплавуваат од атмосферските води. Поради лошата изведба и немањето рабници на улицата, неколку куќи од ова село се под директна закана од поплави.

Дополнително на ова, улицата е стеснета и се отежнува движењето на сообраќајни возила.

Ваквите избрзани зафати кои се прават непрофесионално и без консулатција со локалното население се само трошење на општинските пари за проекти кои не само што не носат добро за граѓаните, туку и дополнително им го отежнуваат секојдневниот живот.

Истовремено, ќе треба да се потрошат дополнителни пари за санација на штетите од овој проект што дополнително ќе го оштети општинскиот буџет. Мора да има одговорност и за овој како и за останатите вакви проекти со кои општината раководена од ВМРО-ДПМНЕ троши пари на граѓаните, а не прави ништо за да го подобри животот на граѓаните.

Општина Велес веќе наесен ќе добие нова локална власт предводена од СДСМ која ќе ги преиспита сите овие проекти и ќе работи во интерес на општината и граѓаните се со цел да се подобри на квалитетот на живот во Велес и велешко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e