СДСМ: Советничката листа на партијата е гарант за интересите на граѓаните, на 20 август гласаме за број 1, за европско Тетово

Бројни партиски функционери на СДСМ, потпретседатели на партијата, пратеници, членови на Извршниот и Централниот одбор попладнево беа меѓу граѓаните на Тетово и посетија неколку населени места во оваа општина.

На средбите со граѓаните, функционерите на СДСМ ги преттавија заложбите на советничката листа на СДСМ и коалицијата порачувајќи дека Совет чие мнозинство е составено од различни политички опции од онаа на градоначалникот е гарант дека во општината ќе се слуша гласот на граѓаните и ќе се работи за нивен интерес.

Функционерите на СДСМ повикаа граѓаните на изборите во сабота да гласаат за број еден, за советничката листа на СДСМ и коалицијата предводена од носителот Глигорие Стојановски, затоа што токму тие се мотивирани и подготвени да работат на изградба на модерно, европско Тетово кое отвора шанси за сите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e