СДСМ „Рамо до рамо, до победа“ со граѓаните на Крива Паланка

Средбите на СДСМ со граѓаните во рамки на караванот „Рамо до рамо, до победа” вчера продолжија во неколку општини во Скопскиот и во Североисточниот регион на републиката.

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев заедно со Роберт Бекировски беше со граѓаните на Крива Паланка на средби во Осичка маала и населбата Бавчалк.

На маалските средби се разговараше за досега спроведените мерки и политики на СДСМ, инфраструктурните проекти но и антикризните мерки, но и за работата на локалната самоуправа предводена од СДСМ.

– Денеска можеме сите со доза на гордост да кажеме дека секогаш кога е тешко на државата, на граѓаните, СДСМ ја има клучната улога и на крајот успева. Така беше и изминатата година. Од една страна имавме глобална економската и енергетската криза, а од друга страна 17 години во чекална на ЕУ поради ВМРО-ДПМНЕ. Иако беше тешко успеавме. Со државничките политики на СДСМ започнавме преговори со ЕУ, со заштитен идентитет а со економските политики успешно одговориме на кризата. Опозицијата седеше на страна, прогнозираше крах и рестрикции а ние не дозволиме тоа да се случи и цврсто застанавме зад граѓаните. Тоа е едно од суштинските разлики меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, рече Богоев.

Тој додаде дека втора суштинска разлика помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е работата на градоначалниците.

-Додека градоначалниците на СДСМ реализираат бројни проекти и ги развиваат општините, над 40 градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо, ги задолжуваат граѓаните и ги зголемуваат цените на комуналните услуги. Еклатантен пример за тоа што значи кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие власт е хаосот во Скопје а што значи одговорноста на СДСМ е успешната работа на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митровски, потенцираше Богоев.

Во општина Зелениково беа Кирил Парталов и Коста Начевски кои пред присутните порачаа дека ВМРО-ДПМНЕ се најслабата локална власт досега, додека нивните градоначалници една и пол година не работат ништо освен што ги задолжуваат и партизираат општините, додека удираат врз џебот на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e