Членот на ЦО на СДСМ, Пеце Мирчевски денеска одржа работен состанок заедно со раководството и членови на ОО СДСМ Куманово.
На работниот состанок се разговараше за актуелни теми од интерес на граѓаните, за мерките кои носат повеќе пари кај граѓаните, правната држава и теренските активности кои се дел од новиот начин на делување на СДСМ, стои во соопштението на СДСМ.