СДСМ Кр.Паланка: ВМРО-ДПМНЕ наместо да шири невистини, да се вклучи во процесите ЗА членство на Македонија во ЕУ и НАТО!

“Колку и да се обидуваат да се затскријат зад лажниот патриотизам, ВМРО-ДПМНЕ и Општинскиот Комитет од Крива Паланка одамна се прочитани од граѓаните.

Тие кои 11 години ја пустошеа државата, ги осиромашија граѓаните и владееја со страв и насилие, немаат право да зборуваат за правна држава.

Македонија оди напред, му се допаѓало тоа на ВМРО-ДПМНЕ или не!

Иднината на нашата држава е во ЕУ и НАТО.

На ВМРО – ДПМНЕ треба да им е јасно дека мнозинството граѓани ја препознаа шансата за напредок и на претстојниот референдум ќе излезат и ќе гласаат ЗА европска иднина!

ВМРО-ДПМНЕ наместо да шири невистини, ја повикуваме да се вклучи во процесите ЗА членство на Македонија во ЕУ и НАТО”, се вели во соопштението на СДСМ од Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e