“ На ВМРО – ДПМНЕ треба да му биде јасно дека граѓаните одамна се определија за влез на Македонија во ЕУ и НАТО.
Со договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, се прави голем исчекор во процесот на евроатланските интеграции на нашата земја. Со членството во ЕУ и НАТО Македонија добива многу повеќе пари за развој во сите области. Подобро здравство, повисоки плати, зголемување на инвестиции во земјоделството, нови работни места, нови патишта, нови училишта и градинки. Со договорот се потврдува и меѓународно се признава македонскиот јазик и идентитет и тоа граѓаните го поддржуваат.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, вклучително и локалното раководство, се ЗА слободно изразување на волјата на граѓаните, што е и уставно загарантирано право. Вршење притисок врз гласачите е одлика на ВМРО-ДПМНЕ. Примери за тоа има многу.
Затоа, ги охрабруваме сите граѓани, доколку некој, на било каков начин врши притисок да гласаат или да не гласаат, тоа веднаш да го пријават до надлежните органи.
Воедно, ги повикуваме ВМРО – ДПМНЕ да не ја лажат и манипулират јавноста, да излезат од матрицата со која ја водат Македонија во изолација и пропаст и да ја поддржат оваа историска шанса за Македонија”, се вели во соопштението на СДСМ од Крива Паланка.