Кога ќе помислиме на ВМРО – ДПМНЕ и земјоделците ни текнува на: “успешниот” Сведмилк, “успешниот” Субрата Рој кој дури имаше и македонско државјанство за да спречи следење на црните пари кои ги украдоа со Груевски, “ултра успешниот” син на Субрата кој остана должник на МЗШВ илјадници денари, 40 милиони евра кои “му фалеа” на Груевски на крајот на 2011, задоцнети субвенции и излажани земјоделци, на субвенции за непостоечки ореви и кози на братот на Миленко, упропастувањето на АД Пелагонија од страна на двоецот Камчев – Панделески со 23 милиони евра кредити и 24 осомничени лица за злоупотреби на земјоделски субвенции меѓу кои и 4 поранешни министри за земјоделие, шумарство и водостопанство од Вашите редови.
Реакција на ОО СДСМ Битола на прес конференцијата на ВМРО – ДПМНЕ