Сашко Митовски, познат стопанственик и искусен менаџер е новиот секретар на Општинската организација на СДСМ од Крива Паланка.
Митовски доби едногласна поддршка од членовите на новиот Извршен одбор на вчерашната прва седница.
“Другари/ ки,
На првата констутитивна седница на Извршниот Одбор на ОО СДСМ Крива Паланка што се одржа вчера едногласно сум избран за нов секретар. Од срце им благодарам на сите за укажаната доверба.
Од тука сакам да порачам и сакам да дадам до знаење дека во наредниот период што претстои нема во ниту еден момент да се штедам, нема калкурирање, двојни стандарди, нема тактизирање, уште од овој момент целосно се ставам на располагање на СДСМ, на граѓаните, на членството.
Во овој чуствителен период ова претставува огромна чест, но истовремено и огромна обврска. Обврска на водење на храбра и мудра политика. Обврска со која граѓаните не задолжија на последните избори. Со нашиот елан и ентузијазам за работа ќе пробаме да наметнеме нова енергија, нови стандарди и принципи. Со многу искрени политики, труд и работа ќе допреме до секој еден поединец, ви ветувам дека секојдневно другарски ќе ја градиме и негуваме довербата еден со друг.” – напиша на Фејсбук, новиот секретар на кривопаланечките социјалдемократи.
Со изборот на Игор Ѓорѓиевски за претседател, Сашко Митовски за секретар како и нов Извршен и Надзорен одбор, СДСМ во Крива Паланка го комплетираше новото локално раководство.