Сашко Митовски e кандидат за градоначалник на Крива Паланка од СДСМ

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на денешната прес-конференција ги соопшти имињата на кандидатите за градоначалници утврдени на синоќешната седница на Извршниот одбор.

На прес-конференцијата Николовски го соопшти и кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, Сашко Митовски.

„Во мојот роден град, Крива Паланка, СДСМ има огромна предност по сите анкети и истражувања и е сигурен победник уште во првиот круг и пред граѓаните СДСМ го нудиме најдоброто. Крива Паланка во изминатите 4 годии се развива, се гради и напредува како никогаш досега и тоа се рефлектира со силна поддршка од граѓаните.

Кандидат за градоначалник на Крива Паланка од СДСМ е Сашко Митовски. Уште еден млад кандидат, докажан и успешен стопанственик, менаџер во приватниот сектор, дипломиран економист.

Напредокот на Крива Паланка ќе продолжи и во наредните 4 години“, истакна Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e