Ревијален концерт на Меглена и Матеј Георгиевски се одржа во Крива Паланка

Изминатиот петок во EU House Kriva Palanka имаше навистина преубава предпразнична атмосфера благодарение на прекрасните изведби на младите таленти Меглена и Матеј Георгиевски на класата по пијано на проф. Лариса Жулина – Митовски.
п
На ревијалниот концерт беа изведени пијано-дела од класичните и современите европски композитори: Јоахан Себастијан Бах, Г.Ф. Хендел, Жан-Филип Рамо, Волфганг Амадеус Моцарт, Лудвиг Ван Бетовен, Тимоти Браун и Елена Девис.
Концептот на оваа манифестација е презентација на инструментална и вокална музика, и е составен од 4 делови: соло изведба на пијано на Меги и Матеј, потоа четирирачно дуо на пијано и во завршниот дел се претсттавија како вокални изведувачи.
Публиката уживаше во талентот на младите музички вируози од Крива Паланка, кои се ученици во трето и четврто одделение во ООУ „Јоаким Крчовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e