Реновирана градинката „Детелинка“ од Крива Паланка, а капацитетот зголемен за плус 40 деца

Владата предводена од СДСМ е секогаш со своите граѓани, вложува во потребите на своите граѓани и дава силна поддршка за добар воспитен развој на најмладите. – рече на прес конференција Маја Ивановска – портпарол на ОО СДСМ Крива Паланка.

Детската градинка Детелинка е вистински пример за грижа за најмалите жители на општина Крива Паланка, каде деновиве беа пуштени во употреба ново адаптирани простории преку проектот на Министерството за труд и социјална политика и фондацијата “Отворено општество”.

Целосно се реконструирани и приспособени две постоечки простории во две занимални,комплетно е заменета столаријата и набавена е комплетна опрема, со што се прошири капацитетот за четириесет дечиња.

Направена е комплетна реконструкција и доизградба на санитарни јазли со што се подобрени хигиенските услови, а исто така интензивно се работи на подобрување на условите за сместување на дечињата во предучилишните установи.

Оваа година покрај овој грант од МТСП(минисерството за труд и социјална политика) и ФООМ(Фондација отворено општество на Македонија), се обезбедени околу 93 000$ и преку УНОПС за замена на фасада и столарија во истиот објект и околу 7.000.000 денари од сопствени извори за промена на кровната конструкција.

Во тек е финалната фаза од подготовката на проектот за доградба на нов кат и реконструкција на објектот на градинката „Детелинка“ во централното градско подрачје.
Оваа власт уште еднаш докажа дека работи според приоритетите на граѓаните.
Продолжуваме силно да инвестираме во идните генерации, за да обезбедиме поквалитетен живот за сите. – порачаа од ОО СДСМ Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e